Козјото млеко можеби има вкус на кој не сме навикнати, но според хранливоста, е далеку поздраво и подобро од кравјото млеко, кое е најлесно достапно во продавниците.
Козјото млеко е полесно сварливо од кравјото и има помалку алергени состојки. Според повеќе истражувања, неговата хемиска структура е најслична до мајчиното млеко, па затоа и се препорачува бебињата по одбивањето од доење да се дохрануваат со козјо, наместо со кравјо млеко.

Pixabay
Во традиционалната медицина се користи како помош при олеснување на симптомите на кардиоваскуларни нарушувања, како и против жолчни камчиња.
Козите често јадат кора од дрвја, па затоа нивното млеко е богато со силициум, минерал кој позитивно влијае врз кожата, ноктите и нервниот систем. Содржи и многу протеини, а што е најважно, има доста помал процент на лактоза споредено со кравјото.
Ова млеко е богато со состојки кои помагаат во обновување на коските, ги олеснуваат симптомите на остеопороза, го регулираат крвниот притисок, ја подобруваат работата на бубрезите и е препорачливо за оние кои страдаат од анемија и недостаток на железо.