Здравствени придобивки од крушите: 3 причини зошто да ги јадете секој ден

од Vladimir Zorba
402 прегледи

Кој не ги сака тие сочни и слатки круши, особено во есен? Освен што се вкусни, крушите се многу добри и за нашето здравје. Ова овошје е полно со минерали како што се калиум, бакар, фосфор, калциум, магнезиум, железо и бројни микроелементи.

Исто така, крушите се богати со витамини, К, А и Ц, како и со повеќето витамини од групата Б и Д.

Но, покрај витамините и минералите кои можеме да ги внесеме во организмот, крушите имаат и други придобивки.

Ви претставуваме само некои од нив.

1. Добри се за варење

Ова овошје е полно со влакна, кои го подобруваат дигестивниот систем и варењето. Ја намалува можноста за запек, но и дијареа. Исто така, крушата благодарение на споменатите влакна е ослободена од слободните радикали и со тоа превентивно ја намалува шансата за разни болести.

2. Го чуваат срцето

Срцевите заболувања се една од најчестите причини за смрт во светот. Крушите се добар извор на калиум, што значи дека позитивно делуваат и на срцето. Калиумот помага да се намали крвниот притисок, што го олеснува целиот кардиоваскуларен систем и го спречува формирањето на згрутчување на крвта и го намалува ризикот од срцев удар.

Се верува дека крушите помагаат во намалување на крвниот притисок и холестеролот, а внесувањето доволно влакна во исхраната го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања, пишува „Eatingwell“.

3. Го зајакнуваат имунитетот

Поради високата содржина на витамин Ц, јадењето круши ќе помогне и за зајакнување на имунолошкиот систем. Витаминот Ц го стимулира формирањето и активноста на белите крвни зрнца. Освен тоа, со помош на крушите многу полесно ќе се надминат настинките и другите проблеми поврзани со ослабен имунолошки систем.

Улогите што ги игра витаминот Ц во нашето тело се многу разновидни. Еден од нив е учество во регенерација на ткивата и клетките.

Слични содржини