Здружението „Билка“ по изјавата на Заев: Начелно нема ништо лошо да се легализира и продава марихуана во локали, но моделот е многу важен

од Nikola Popovski
490 прегледи

Здружението за канабис и зелени политики „Билка” денес се огласи по повод изјавата на премиерот Зоран Заев дека владата сака да ја легализира марихуаната, со цел да се стимулира туризмот и економијата.

Според нив, она во што се сомневале и на кое се противеле полека се остварува.

„Планов ни е од лани познат само нашите информации велеа Скопје, Струмица и Охрид. Начелно нема ништо лошо да се легализира и продава во локали, но моделот е многу важен. И легализацијата на канабис во медицински цели е добра идеа па видовме како тоа заврши, со воведување екстремно високи услови со цел ограничување на пристапот“, велат од здружението.

За „Билка“ клучно прашање е дали граѓаните ќе може да садат дома.

„Внимателно прочитајте ја реченицата “потеклото на канабисот„ ова нам ни укажува дека нема да се дозволи садење дома туку легално ќе може да си купиме само од НИВ, во спротивно пак ќе бидеме апсени и третирани како криминалци. Нека им служи на чест на владините невладини кои учествуваат во вакви бљувотини. ОТПОР“, велат од „Билка“.

Премиерот Заев во интервју за „Дојче веле“ ја најави можната легализација на марихуаната.

Слични содржини