Државничката улога на СДСМ доаѓала до израз секогаш во немирни времиња, така било од независноста навака, но, во изминатата година се покажа клучна, прво за справување со предизвиците од глобалната криза и второ за обезбедување на европската иднина на земјата со заштитен македонски идентитет, рече денеска во Илинден генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на состанок со партиски членови и симпатизери на партијата.
-Државничката улога на СДСМ изминатата година стана уште позначајна. Со нашиот економски модел соодветно одговоривме на последиците од енергетската криза а со визионерски државнички политики обезбедивме продолжение на европскиот пат на земјата, со заштитен македонски идентитет. Немаше мирно море за нас, по пат моравме да бараме и да наоѓаме нови решенија, покрај сите дополнителни пречки што ни беа поставувани внатре од политичките опоненти. Но, тоа е големината на државотворната СДСМ. Кога имаше мобилизација за блокади и пречки ние со коалициските партнери, со прогресивните сили, направивме мобилизација за изнаоѓање решенија. И успеавме. Соодветно одговоривме на економската криза и започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, идентитет, посебност и култура. Сега е време овој државнички процес за европска иднина на државата да се заокружи целосно. Тоа е нашата државничка одговорност, тоа е современиот патриотизам, да обезбедиме европска иднина за младите, рече Зечевиќ.
Генералниот секретар на СДСМ денеска ги продолжува интензивните теренски активности на работни средби ширум државата, со граѓани, членови и симпатизери на партијата.