Зечевиќ со подмладокот на СДСМ на коњанички марш во Крушево

од Nikola Popovski
319 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски го преводи коњаничкиот марш на подмладокот на владеачката партија по повод Илинден.

Од СДСМ информираат дека маршот ќе биде до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво.

СДСМ, како државотворна партија со низа активности оддава почит и одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и одбележување на најголемиот државен празник 2 август – Денот на Републиката. Идеалите и заложбите за слобода, правда и еднаквост од Илинден 1903 и темелите на македонската државност од Илинден 1944 година, од АСНОМ, за СДСМ остануваат водилка во борбата за градење модерна, демократска, слободна држава, идна членка на ЕУ, велат од владеачката партија преку соопштение.

На 27 јули, повеќе групи коњаници го почнаа традиционалниот илинденски поход кон Крушево и Мечкин камен во чест на Илинденското востание и Илинденците. Коњаници тргнаа од повеќе локации низ Македонија, а на 2 Август на Илинден, треба да пристигнат на Мечкин Камен.

Слични содржини