Зечевиќ: Социјалдемократите секогаш ги носеле тешките одлуки во тешки времиња за Македонија

од Nikola Popovski
240 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ вечерва истакна дека социјалдемократите се знаменосци на големите државнички одлуки и идеи.

-Горди наследици на големите револуционери, просветители, илинденци, социјалисти и антифашисти. Наследници на непокорот, ние сме весниците на прогресот и гласници на напредокот. Така било, така и ќе биде. Во 1991 година СДСМ застана гордо за Македонија. Еве не денес, 31 година потоа. Го чекориме патот на европските интеграции и ја трасираме иднината на европска Македонија, рече Зечевиќ на националната трибина на владеачката партија „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје.

Тој додаде дека „македонските социјалдемократи секогаш ги носеле тешките одлуки во тешки времиња за Македонија“.

-После 17 години повторно направивиме голем исчекор на европскиот пат. Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, идентитет и култура. Нашата социјалдемократка политика денеска е суштинска интеграција во Унијата, порача Зечевиќ од салата „Борис Трајковски“.

Генсекот на СДСМ потврди дека „Македонецот не смее да ги повтори грешките од минатото – други да решавааат за неговата судбина и иднина“.

-Не смее да биде исклучен од важните глобални процеси и со тоа да ја загрози иднината на македонските млади генерации. Битката за европска иднина е битка за младиот човек. Порачувам дека СДСМ како државотворен политички субјект ќе направи се за да ја поставиме татковината на маса на новата геополитичка реалност. Подаваме рака секој да се приклучи во остварувањето на оваа цел, дециден е Зечевиќ.

Слични содржини