313
Генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири не знае дали ќе остане потпретседател на СДСМ по конгресот кој треба да се одржи на 16 мај.
-На конгресот не се бираат потпретседатели на партијата тоа право го има претседателот тој ги предлага по конгресот.Сега има можност да имаме четири, потпретседатели на СДСМ, вели Зеќири.
Тој напомена дека претседателот на СДСМ по конгресот ќе ги назначи потпретседателите бидејќи тоа е и негова статутарна обврска.
– За тоа дали ќе останам потпретседател на СДСМ ќе треба да го прашате лидерот на партијата, кусо изјави Зеќири.