Зеќири останува во притвор

од Nikola Popovski
265 прегледи

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири доби уште 30 дена притвор кои треба да ги помине во истражниот затвор „Скопје“, лоциран во населбата Шуто Оризари.

Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зеќири поднесе жалби, кои беа одбиени.

Тој е осомничен дека заедно со двајца хрватски државјани, со изигрување на тендерска постапка, незаконски присвоиле 145.400 евра.

„Во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба, првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што, со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Слични содржини