Зеќири останува во притвор уште 30 дена

од Nikola Popovski
311 прегледи

Поранешниот генсек во Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор уште 30 дена, соопштиле од Кривичниот суд во Скопје.

Зеќири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска постапка. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра. Зеќири доби 30-дневен притвор на 9-ти април, додека за хрватските државјани сознанијата се дека се надвор од земјата, поради што ќе се бара помош од Хрватска.

Според Обвинителството за организиран криминал и корупција, Зеќири во периодот од април 2021 до јануари 2022, како генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Слични содржини