Додека сме во исчекување на конечната одлука за тоа дали Северна Македонија и Албанија ќе добијат датум за почеток на преговори, потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири, на својот Фејсбук профил објави дека иако Франција не попушта во своите ставови поради нивни познати причини, двете земји ги исполнија поставените задачи.
„Нанесена неправда те прави уште посилен и одлучен. Северна Македонија и Албанија не само што го исполнија својот дел од задачите и потребните реформи да добијат датум кој Франција од само неа познати причини го попречи, туку тоа на чело за нашиот премиер Зоран Заeв го направивме пред се поради нашите граѓани“, пишува Зекири и потоа потенцира дека продолжуваат со реформите и дека не очекува сигурна иднина како 30-та членка на НАТО.
„Реформите и нашите заложби за подобрување на свекупната состојба во земјата и на нашите граѓани не може ништо да ги спречи. Ние продолжуваме посветено како и досега да работиме за доброто на нашите граѓани. Секако тоа што не очекува е сигурната иднина на нашата земја како 30-та членка на НАТО, каде ќе бидеме рамо до рамо со 29 други наши сојузници, односно најмоќните земји на светов“, напиша Зекири.