Тоа што е најбитно е дека оваа влада го решава проблемот, ја заврши истрагата во врска со нелегалното издавање пасоши и е на добар пат да ја затвори и пред судските органи да одговараат оние кои дозволиле некој да го прави тоа повеќе години, истакна генералниот секретар на Владата и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Тој нагласи дека си има органи во државата кои си ја тераат истрагата и на крај нека каже истрагата дали некој е виновен или не е виновен, но тој, било кој и да е, што се огрешил пред законите ќе одговара.
-Ние не сме од тие што по секоја цена браниме некој затоа што бил близок на владејачката структура, и не еднашка сме го докажале во овие години на владеење, рече Зеќири, додавајќи дека во минатото тоа не се случувало туку, по секоја цена се бранеа функционери.
Сега функционерите имаат доблест да поднесат оставка ако бидат прозвани од јавноста, институциите си ги тераат истрагите непречено без никој да им смета, институциите соработуваат со нив, и на крај да видиме кој ќе биде исходот, законите морат да важат за сите подеднакво, рече Зеќири.
Тој нагласи дека сега се апсат криминалци наголемо, има полициски акции речиси секој ден, се фаќаат огромни количини на дроги и на се што треба да се прави, тоа е работата на полицијата, тоа е работа на државните институции кога секој ќе си ја гледа својата работа и никој нема да биде заштитена мечка како што во минатото.
-Сега 11 лица се осомничени дека го правеле тоа, со име и презиме се знаат луѓето кои што се, и се дадени пред Јавен обвинител којшто треба да си ја истера работата до крај, рече Зеќири