Зекири за нон-пејперот на Јанша: Прашањето за границите ќе се затвори кога сите земји од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ

од Nikola Popovski
325 прегледи

„Владата нема официјална информација за постоењето на некако нон-пејпер. Тоа што го имаме слушнато е преку медиумите“, вели генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири во емисијата „24 анализа“, за наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, во кој се бара прекројување на границите на Балканот.

Според Зекири, сега кога веќе сме стабилна членка на НАТО, нашиот територијален интегритет е забетониран.

„Тоа е една од придобивките на нашето членство, сите членки се грижат за нас, не само ние. Сепак, за жал ваквите тези на Балканот, постојано се отвораат“, смета Зекири, додавајќи дека прашањето за границите ќе биде затворено, кога сите земји од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ.

Слични содржини