Зелен или црн чај? Кој е подобар за вашето здравје

од Elena Daskalova
328 прегледи

Црниот и зелениот чај доаѓаат од истото растение, само е различен начинот на кој се сушат и третираат листовите, како и во тоа од кој дел од растението чај се набрани.

Нивните лековити својства се веќе докажани, но ретко кој дал одговор на прашањето дали е поздрав зелениот или црниот чај. Според едно кинеско истражување, каде традиционално се пие и зелен и црн чај, повеќе бенефити добиваме од зелениот.

Зелениот чај е побогат со флавониди и активни лековити состојки, првично поради тоа што се произведува од посвежи листови чај, а се суши со стандарден процес. Црниот се произведува од постари листови, па дури и од оние кои покажуваат знаци на овенување, а по берењето мине низ низа процеси на сушење и ферментација за да го добие препознатливиот вкус.

Значи, повторно доаѓаме до тоа дека и двата чаја имаат свои лековити својства, но зелениот општо земено, е покорисен за вас. Според истото кинеско истражување, оние кои редовно го пијат имаат намален ризик од мозочен и срцев удар, како и намалена смртност како последица на нив.

Слични содржини