Зелен тарт со сирење

од desk4
508 прегледи

Совршен избор за доручек, ручек или вечера

СОСТОЈКИ
За тестото
– 2 чаши брашно,
– 1 чаша ладен путер
– 1 јајце
– 2 лажици ладна вода
За филот
– 200 г коприва
– 200 г спанаќ
– 2 страка праз
– 3 јајца
– 125 г крем сирење
– 200 мл павлака за готвење
– 150 г тврдо сирење
– 1/2 китка магдонос
– 1 лажица сол
– црн пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Брашното, солта и путерот се ставаат во блендер и се миксира со паузи, додека добиете ронлива смеса. Додајте го јајцето и повторно блендирајте. Извадете ја смесата, обликувајте ја во топка и ставете ја во фрижидер 20 минути, За тоа време подгответе го филот. Исчистете ги зеленчиците и ставете ги во сад на малку масло да се омекнат. Зачинете со сол и црн пипер. Оставете да се излади 1-2 минути, па додајте ги крем сирењето, јајцата и павлаката. Промешајте сè додека се поврзе смесата. Тестото извадете го од фрижидер и развлечете го во круг, па ставете го во тепсија. Над него ставете хартија за печење и неколку зрна грав, па печете 10 минути, во загреана рерна. Тргнете ја хартијата со грав и распоредете го тврдото сирење исечено на листови. Над него распоредете ја смесата со зеленчук и посипете со магдонос. Печете уште 20 минути, додека се испече филот.

Слични содржини