120
Необично, а вкусно јадење!
СОСТОЈКИ:
700 мл вода
1/2 кг грашок
200 гр шунка
150 гр макарони
3 чешниња лук
2 главици кромид
сув зачин
бибер
магдонос
малку кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Издинстајте кромид, додајте сечкан лук, па додајте грашок. Динстајте дваесетина минути, па додајте ситно сечкана или мелена шунка, зачинете со сув зачин, побиберете и по потреб посолете.
Налијте вода, крчкајте уште некоја минута, додајте сечкан магсдонос, измешајте, па сѐ испасирајте со миксер. Ако чорбата е премногу густа, налијте малку вода и посипете со рендан кашкавал./Готви.мк