„Зелената“ ДУИ како власт поддржа укинување на балансерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
17 прегледи

Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните. Иако и тие самите пред само една година, на седница на тогашната Влада предводена од СДС-ДУИ коалицијата, донеле одлука за укинување на алатката “балансер”, изминатава недела сведочиме на низа прес-конференции каде што велат дека укинувањето не смее да се случи, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на власт потсетуваат дека Владата на ДУИ и СДСМ во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Согласно и препораката на Европската Комисија, алатката е истрошена и треба да се укине.

-ДУИ најавува протести и дестабилизација на државата, а беа дел од власта повеќе од 20 години и не направија ништо, освен играње фудбал по канцеларии, калливи патишта во Арачиново и купување на молови, истакнуваат меѓу другото од партијата на Христијан Мицкоски.

Меѓународна пракса е да се бара мислење од Венецијанската комисија, вели вицепремиерот за добро владеење Фетаи, кој најави дека Законот за правична застапеност ќе се носи во транспарентна постапка со вклученост на сите засегнати страни. Тој не е загрижен за можни злоупотреби во вакуум-периодот што ќе настане во отсуство на балансерот, а додека се донесе законот. Вели, конечно ќе се добијат контролни механизми.

По одлуката на Уставниот суд, ДУИ оценува дека се можни тензии. Партијата не исклучува ниту протести, ниту поддршка за законот за правична застапеност, под услов да ги гарантира правата на сите заедници.

ВМРО-ДПМНЕ го впери прстот кон ДУИ дека злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација, иако интегративците претходно се согласиле за укинување на балансерот.

Укинатиот балансер се применуваше од 2015 за да обезбеди правична и соодветна застапеност, но во пракса се покажа дека алатката често се злоупотребуваше.

Слични содржини