Зелениково е единствената скопска општина со најмал број заразени од Ковид 19

од Берта Китинска
241 прегледи

Од вкупно активни 3.284 случаи на заразени со Ковид -19 во земјава, 1.862 се во Скопје. Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир.

Од Министерството за здравство соопштија дека активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера се Чаир – 421, Аеродром – 143, Бутел – 139, Гази Баба – 149, Центар – 125, Карпош – 125, Сарај – 139, Кисела Вода – 107, Ѓорче Петров – 88, Студеничани – 95, Шуто Оризари – 76, Арачиново – 53, Илинден – 30, Петровец – 18, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 12, Зелениково-2, странец – 3 и нераспределен-51 случај.

Слични содржини