Зеленски: Бројот на загинати во вчерашните руски напади се зголеми на 39

од Stefanija Kuzmanovska

Во вчерашните руски напади врз Украина, кои беа меѓу најтешките од почетокот на војната, загинаа најмалку 39 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„За жал, во овој момент броиме 39 загинати“, напиша денеска Зеленски на социјалните мрежи и изрази сочувство до роднините на загинатите.

Според претходниот биланс од вчерашните руски напади на неколку украински места, загинале најмалку 30 лица, а повеќе од 160 биле ранети.

Вчера наутро Русија лансираше 122 проектили и 36 дронови врз украински цели, што беше окарактеризирано како најмасовен напад од почетокот на војната.

Слични содржини