Зеленски: Европа треба да биде дел од преговорите за ставање крај на руската инвазија

од desk2
9 прегледи

„Европа треба да биде дел од преговорите за ставање крај на руската инвазија“, нагласи украинскиот претседател Володимир Зеленски. Неговата реакција дојде откако Москва објави дека претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се состанат во наредните денови.

По телефонскиот разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски напиша:

„Војната се води во Европа, а Украина е составен дел на Европа – ние веќе преговараме за влез во ЕУ. Затоа, Европа мора да учествува во соодветните процеси“.

Јуриј Ушаков, советник на рускиот лидер, ги најави претстојните разговори меѓу Трамп и Путин. Според него, средбата меѓу двајцата претседатели е на предлог на американската страна.

Зеленски му постави три клучни барања на Путин: „Приоритетите се апсолутно јасни“

Средбата меѓу Путин и Трамп ќе се одржи следниве денови

Местото на средбата е во принцип договорено, но ќе биде објавено подоцна.

Договорот беше постигнат по вчерашниот разговор во Москва меѓу Путин и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф.

Во врска со можниот трилатерален состанок на претседателите на Соединетите Држави, Русија и Украина, Јушаков појасни дека „оваа можност не беше конкретно дискутирана“ во средата во Кремљ, туку „едноставно, спомената од Виткоф“.

Претходно, во телевизиско интервју, Државниот секретар Марко Рубио рече дека Вашингтон сега подобро ги разбира условите под кои Русија ќе биде подготвена да стави крај на војната во Украина, мислејќи на вчерашните разговори на Виткоф. Рубио нагласи дека дека клучните елементи на каков било договор би вклучувале територии.

Слични содржини