Зеленски го установи 9 мај како Ден на Европа

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, потпиша указ врз основа на кој 9 мај во Украина ќе се одбележува како Ден на Европа.

Зеленски испрати и предлог до парламентот, Врховната Рада, 8 мај да се прогласи за Ден на сеќавање и победа над нацизмот во Втората светска војна, пренесува „Интерфакс Украина“.

Во указот објавен на веб-страницата на претседателот на Украина, Зеленски посочува дека 9 мај го прогласува за Ден на Европа, свесен за европскиот идентитет на украинскиот народ, со цел зајакнување на единството на народот на Европа, обезбедување мир, безбедност и стабилност на европскиот континент.

Слични содржини