Зеленски и Трамп разговарале пред погребот на папата Франциск

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп во Рим во саботата наутро, што е нивна прва средба по неуспешниот состанок во Белата куќа во февруари.

Портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров, не сакаше да коментира за состанокот, но Белата куќа го опиша разговорот како „многу продуктивен“.

Трамп и Зеленски дојдоа во Рим на погребот на папата Франциск, а нивната средба се одржа пред почетокот на погребот.

„Претседателот Трамп и претседателот Зеленски се сретнаа приватно и имаа многу продуктивен разговор“, рече Стивен Чунг, директор за комуникации во Белата куќа. „Повеќе детали за состанокот ќе бидат познати подоцна“, додаде тој.

Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека двајцата лидери се договориле да се сретнат по погребот за понатамошни разговори.

Трамп во петокот вечерта изјави дека Киев и Москва се „многу блиску до договор“ за прекин на огнот во украинскиот конфликт. Неговите изјави за „Truth Social“ дојдоа откако неговиот специјален пратеник Стив Виткоф разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

„Повеќето од главните точки се договорени“, рече Трамп во објава на социјалните мрежи кратко по пристигнувањето во Рим за погребот на папата.

Петокот беше „добар ден“ за преговори меѓу САД и Русија, рече Трамп, додека Кремљ ги опиша разговорите како „конструктивни“. Украина не беше претставена на состанокот во Москва, истакнува „Политико“.

Папата Франциск, кој почина во понеделник, ќе има државен погреб на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан. Погребот, на кој присуствуваат шефови на држави и високи функционери од целиот свет, е ретка можност за неформални средби меѓу националните лидери.

Слични содржини