Зеленски: Најмалку три лица загинаа во руски напад врз Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Најмалку три лица загинаа во руски напад врз украинскиот град Запорожје, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Локалните власти зборуваат за гранатирање на станбена зона.

„Три лица во моментов се прогласени за мртви“, напиша Зеленски на Телеграм, без да ја прецизира локацијата на нападот. Тој додаде дека спасувачките операции се во тек.

Според регионалниот гувернер Јуриј Малашко, била погодена црква и продавници во областа Шевченски во североисточниот дел на Запорожје.

„Непријателот напаѓа станбена зона“, рече Анатолиј Куртиев, кој го предводи општинскиот совет на Запорожје.

Градот се наоѓа на неколку километри од јужниот фронт и редовно е цел на руските напади.

Слични содржини