Зеленски: Не ја затворив вратата за мировните преговори со Русија

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека не ја „затворил вратата“ за потенцијалните мировни преговори со Руската Федерација.

„Не ја затворив вратата. Реков дека ќе бидеме подготвени да разговараме со Русија – но со друга Русија. Со онаа која е навистина подготвена за мир. Со онаа која е подготвена да признае дека се окупатори… Но само ако вратат се. Земјата, правата, слободата, парите. И што е најважно, правдата“, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен, објавено вчера.

„До сега не сум слушнал дека се подготвени да ги прифатат условите на Украина – ниту од Путин, ниту од кој било друг руски функционер“, рече Зеленски.

Слични содржини