Зеленски: Нема избори на кредит, нема да земам пари од оружје и да давам за избори

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе дозволи одржување избори во тaa земја доколку Западот обезбеди средства за тоа.

Околу пет милијарди долари се потребни за одржување на избори во мирнодопски услови, а тешко е да се одреди колку би чинело во воена состојба, пренесува ТАСС.

„Логиката е дека ако ја браните демократијата, тогаш за време на војната треба да размислите за тоа, а изборите се еден елемент на заштита. Јас нема да одржувам избори на кредит, нема да земам пари од оружје и да давам на избори. Но, ајде да ризикуваме заедно. Набљудувачите треба да бидат во рововите“, рече Зеленски.

Слични содржини