Претседателот Володимир Зеленски изјави денеска дека Украинците никогаш нема да му простат на Путин за неговите постапки и додаде дека моралот и духот на украинското население не се одржуваат со одмазда, туку со правда.
„Украинскиот народ никогаш нема да му ги прости на Путин страдањата, ниту на оние кои го спонзорираа овој тероризам, кои ги одзедоа животите на нашиот народ, нашите деца… Тој нема да почива во мир ниту на овој свет, ниту на другиот. Ниту неговите деца, ниту неговите внуци. Да, ние не сме терористи и затоа ќе има кривични, судски процеси и секако ќе има одговорност“, истакна Зеленски на Светскиот економски форум во Давос.
Според него, одговорност мора да има, бидејќи агресија и автократија се можни доколку нема последици, а украинскиот народ храбро се бори за правото на слобода.