Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН да дејствува против Русија поради воздушните напади врз цивилната инфраструктура, кои повторно предизвикаа масовни прекини на струја ширум Украина и соседна Молдавија.
Русија изврши ракетни напади ширум Украина во средата, при што загинаа 10 лица и принудно беа затворени нуклеарни централи и прекинато беше снабдувањето со вода и електрична енергија на многу места, наведоа украинските власти.
„За само еден ден бевме погодени од 70 проектили. Тоа е руската формула на теророт. Сето тоа е насочено против нашата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски во синоќешното обраќање преку видео врска на состанокот на Советот за безбедност на ОН.