Зеленски по втор пат го покани Штајнмаер во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, по вторпат го покани својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер да го посети Киев, изјави за весникот „Цајт“ украинскиот амбасадор во заминување во Германија, Андриј Мељник.

„Сè уште ја чекаме посетата на Штајнмаер на Киев“, нагласи тој.

Штајнмаер требаше да ја посети Украина во април, но Зеленски ја повлече поканата да дојде поради наводните врски на шефот на германската држава со Русија.

Сега, вели Мељник, Украина го променила ставот кон Штајнмаер.

Повлекувањето на поканата доведе до дипломатски тензии меѓу Киев и Берлин.

Штајнмаер, според „Шпигел“, постојано барал од Зеленски да ја објасни својата одлука.

Слични содржини