Украинскиот претседател Владимир Зеленски на почетокот на своето денешно видео обраќање до учесниците на Светскиот економски форум во Давос замоли со минута молчење да им оддадат почит на жртвите од војната во Украина.
Претседателот на Украина тогаш рече дека светот се бори да остане во чекор со многуте предизвици кои произлегуваат од војната, како што се енергетската и прехранбената криза, се наведува во извештајот на Би-Би-Си.
Тој потсети дека пред три години целиот свет се бореше со пандемијата на коронавирусот и победи, а сега „се бори против Путин“.