Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка по завршувањето на војната, но дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади, објави Аксиос.
Во интервју, кое го даде на Менхетен непосредно пред да го напушти Генералното собрание на ОН и да се врати во Киев, Зеленски рече дека има експлицитна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за користење на целни напади врз руските енергетски објекти и фабрики за оружје, доколку Украина добие дополнително оружје со долг дострел.
Тој нагласи дека Украина нема да бомбардира цивили, но дека претставниците на Кремљ „треба да знаат каде се засолништата од бомби“ во случај на продолжување на војната.