Зеленски: Понудата на Трамп за разговори на база на фронтовската линија е „добар компромис“

Зеленски, кој е во посета на скандинавските земји, сепак рече дека се сомнева дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја поддржи идејата.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Х/Принтскрин/Официјален профил на Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека предлогот на американскиот лидер Доналд Трамп Украина и Русија да започнат разговори врз основа на сегашната линија на контакт е „добар компромис“, објавија АФП и Ројтерс.

Зеленски, кој е во посета на скандинавските земји, сепак рече дека се сомнева дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја поддржи идејата.

Зеленски утрово пристигна во норвешката престолнина Осло за да се сретне со премиерот Јонас Гар Стере.

Се очекува украинскиот претседател подоцна денес да ја посети и Шведска за разговори со премиерот Улф Кристерсон.