Зеленски понуди помош по страшниот земјотрес во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
117 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја е подготвена да му ја даде потребната помош на пријателскиот турски народ по земјотресот што рано утринава ја погоди Турција.

„Шокиран сум од веста за смртта и ранетите стотици луѓе во земјотресот во Турција“, напиша Зеленски на Твитер.

Иако Украина е во војна и самиот Зеленски го моли Западот за финансиска помош, претседателот на Украина изрази сочувство до семејствата на жртвите, им посака брзо закрепнување на повредените и понуди да ја обезбеди потребната помош.

„Во овој момент сме со пријателскиот турски народ, подготвени да ја пружиме потребната помош“, изјави Зеленски.

Слични содржини