Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за мерките на Киев, како одговор на обидот на Русија да анектира делови од нејзината територија, стапи во сила денеска, се наведува во декретот потпишан од украинскиот претседател Владимир Зеленски, пренесува „Интерфакс Украина“.

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина донесе одлука за неможност да се преговара со рускиот претседател Владимир Путин, се наведува во указот потпишан од Зеленски.

„Утврдена е неможноста да се преговара со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин“, се наведува во документот.

Слични содржини