Зеленски пристигна во Белата куќа, се сретна со Бајден

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски пристигна во Белата куќа, каде што беше пречекан од американскиот претседател Џо Бајден на црвен тепих и две знамиња кои стојат едно до друго: САД и Украина.

Претседателот Бајден и неговата сопруга Џил се сретнаа со украинскиот лидер пред да се ракуваат и да позираат за неколку фотографии.

Тие потоа се упатија на средбата во Овалната соба, која треба да трае околу два часа.

Ова е негова прва странска посета на земја откако Русија ја нападна Украина во февруари.

„За време на мојата работна посета на САД ќе разговарам за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Конкретно, јас и американскиот претседател Бајден ќе разговараме за соработката меѓу Вашингтон и Киев. Постои можност да се обратам во Конгресот и да остварам серија билатерални средби“, наведе Зеленски на Твитер.

Во писмото од вторникот вечерта, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ги повика конгресмените вечерва да бидат присутни во Конгресот.

Слични содржини