Зеленски првпат јавно призна дека постои конфликт со Залужни

од Stefanija Kuzmanovska
398 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика генералот Валериј Залужни да не се меша во политиката или да ја соблече униформата.
Зеленски во интервју за британскиот весник „Сан“ првпат јавно призна дека има конфликт со врховниот командант на вооружените сили на Украина.

Тој наведува дека за време на војна армијата не смее да се занимава со политика, бидејќи тоа не води кон единство на нацијата.

Зеленски посочува дека Залужни има право да се ангажира политички, но тогаш нема да може да командува.

„Ако некој води воена операција со знаење дека утре ќе се занимава со политика или избори, тогаш дури и на линијата на фронтот се однесува како политичар, а не како војник. Верувам дека тоа е огромна грешка“, објаснува Зеленски.

Според него, со сета почит кон генералот Залужни и кон сите команданти кои се на фронтот, мора да има апсолутно разбирање за хиерархијата.

„Не може да има двајца, тројца или повеќе лидери“, заклучува Зеленски.

Аналитичките портали со месеци пишуваат дека Зеленски сака да го замени Залужни, но дека САД се противат на тоа.

Слични содржини