Зеленски: Путин никогаш нема да запре и мислам дека Трамп не го разбира тоа

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе дејствува против Американците доколку одлучи да ја поддржи Русија, а не Украина, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски.

За време на гостувањето на Си-Ен-Ен, украинскиот претседател навел дека не може да разбере како Доналд Трамп може да биде на страната на Путин. „Тоа е неверојатно“, додаде тој.

Трамп, кој води во трката за републикански претседателски кандидат, досега јавно не се изјасни за тоа кого „подржува“ во конфликтот меѓу Русија и Украина. Зеленски смета дека причината е тоа што Трамп не ги разбира вистинските цели на Путин.

„Путин никогаш нема да запре и мислам дека Трамп не го разбира тоа“

„Мислам дека Трамп не го познава Путин. Знам дека се сретнал со него, но никогаш не се судрил со него. Американската армија никогаш не се борела со Русија. Затоа, подобро ја разбирам ситуацијата. Путин никогаш нема да запре, а јас не мислам дека Трамп го разбира тоа. Русија троши милијарди на ширење лажни информации за војната. Успешно ги користи дезинформациите како оружје, а исто така влијае и на ставовите во САД“, подвлече Зеленски.

„Бев изненаден кога видов колку е силна во САД, во ЕУ, во целиот свет. Тие вложија многу пари во тоа. Еден од примерите за дезинформации во јавноста се претерани бројки на украински жртви“, вели тој.

Претходно тој ден, украинскиот претседател за првпат објави колку украински војници загинале досега – 31.000.

Бројката ја објавил, додаде тој, затоа што му е доста од лагите и дека дури и некои американски политичари даваат неточни бројки. Имено, американските власти проценуваат дека за време на руската инвазија на Украина биле убиени околу 70.000 украински војници, а речиси двојно повеќе биле ранети.

Слични содржини