Украинските власти соопштија дека руските сили го нападнале Запорожје во текот на ноќта и погодиле петкатна станбена зграда.
„Руските терористи го нападнаа Запорожје во текот на ноќта со проектили и погодија петкатница. Уништени се осум станови. Има ранети и мртви“, напиша Зеленски на X и прикачени фотографии.
Overnight, Russian terrorists attacked Zaporizhzhia with missiles, striking an ordinary five-story residential building.
Eight apartments were destroyed. There are wounded and dead. There may be people under the rubble. Emergency rescue efforts are ongoing. My condolences go… pic.twitter.com/1O04A8Gt1Q
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 18, 2023
„Можеби има луѓе под урнатините. Спасувачките операции се во тек. Моето сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски поради рускиот терор. Таа злобна земја ја продолжува својата војна против цивилите. Им благодарам на сите што не молчат и ни помагаат да го пребродиме ова. Ќе направиме се што е можно за да ја изведеме терористичката држава пред лицето на правдата. Рускиот терор мора да биде поразен“, додаде тој.