161
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави вечерва дека Русија сигурно ќе изврши нов ракетен напад врз неговата земја и ги предупреди противвоздушната одбрана и граѓаните да се подготват да работат заедно за да ги издржат последиците.
„Разбираме дека терористите планираат нови напади. Тоа го знаеме како факт. Се додека имаат проектили, тие, за жал, нема да се смират“, рече Зеленски во ноќното видео-обраќање, пренесе „Ројтерс“.
Претседателот на Украина рече дека следната недела ќе биде тешка како и претходната, кога цел на нападот беше инфраструктурата за дистрибуција на електрична енергија на Украина, која предизвика најголеми исклучувања на струја од почетокот на војната на 24 февруари.