Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска соопшти дека се сретнал со неговиот полски колега Анджеј Дуда за време на неговото враќање дома по значајната посета на Соединетите држави.
Зеленски на својот профил на мрежата Телеграм напиша дека двајцата „ја сумирале годината која донесе историски предизвици поради војната во полн ек“.
„Разговаравме за стратешките планови за иднината, билатералните односи и соработката на меѓународно ниво во 2023 година“, напиша Зеленски.