Зеленски се сретна со полскиот колега за време на неговото враќање од САД

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска соопшти дека се сретнал со неговиот полски колега Анджеј Дуда за време на неговото враќање дома по значајната посета на Соединетите држави.

Зеленски на својот профил на мрежата Телеграм напиша дека двајцата „ја сумирале годината која донесе историски предизвици поради војната во полн ек“.

„Разговаравме за стратешките планови за иднината, билатералните односи и соработката на меѓународно ниво во 2023 година“, напиша Зеленски.

Слични содржини