Зеленски: Турција е важен партнер за безбедноста и обновата на Украина

од Марта Пешевска
26 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како значаен партнер во обезбедувањето на безбедносни гаранции и најави подготвеност за ратификација на договорот за слободна трговија меѓу двете земји.

Во Киев, Зеленски се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Чумакли, при што разговараа за билатералната соработка, заедничкото производство на дронови, како и за учеството на турските компании во обновата на Украина.

„Важно е турските компании да имаат поголемо присуство во Украина. Нашата земја тоа го цени, како и поддршката и помошта од Турција, особено во снабдувањето со беспилотни летала Бајрактар“, истакна Зеленски.

Тој нагласи дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија за време на претстојната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, но не прецизираше датум за посетата.

По средбата, министерот Болат објави дека на разговорите присуствувале претставници од повеќе од 20 турски градежни компании, како и претставници од украинскиот јавен и приватен сектор, кои ќе бидат дел од процесот на реконструкција на земјата.

Слични содржини