Зеленски учествуваше виртуелно на самитот на Иницијативата за „Три мориња“ во Букурешт

од Radmila Tasevska

Најмалку 16 лица загинаа денеска кога експлозија од руска ракета погоди пазар во украинскиот град Константиновка, кој се наоѓа на околу 30 километри од линијата на фронтот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој виртуелно учествуваше на пленарната сесија на Осмиот самит на иницијативата „Три мориња“ во Букурешт.

Според него, погодени се маркет, продавници и аптека. „За жал, бројот на загинати и повредени може да се зголеми“, додаде Зеленски.

Тој смета дека во минатото недостигала солидарност со неговата земја, но датумот 24 февруари, како што рече, промени сè.

„Украина им е благодарна на вашите земји за нивната поддршка. Кога велам ‘ние’, не мислам само на Украинците, туку и на вашите народи. Правиме заеднички фронт за нашата заедничка слобода, за нашата заедничка европска иднина. Оваа форма на соработка овде се нарекува иницијатива “Три мориња’, но не се работи за три ѕида, туку за форма на единство. Кога украинските пристаништа се бомбардираат речиси секоја вечер, ние мора да се справиме и постојано да внимаваме на нашата логистика“, рече Зеленски.

Слични содржини