Зеленски: Украина е подготвена да започне преговори за влез во ЕУ оваа година

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е „целосно подготвена“ да ги започне преговорите за пристапување во Европската унија.

„Одржав состанок за Европската унија и нашите интеграции. Треба да ги започнеме преговорите за членство оваа година. Украина е целосно подготвена за тоа. Ние го правиме она што е потребно од наша страна“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, пренесува „Гардијан“.

Тој изјави дека Киев, во исто време, прави се што е можно и дека Европската унија треба да биде целосно подготвена, „токму оваа година“.

Слични содржини