Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори насекаде освен во Русија и Белорусија, доколку тие разговори би ја завршиле војната, објави Ројтерс.
Во исто време, шефот на државата нагласи дека украинските сили „нема да се повлечат ниту чекор“ на бојното поле за да отстапат територија.
Во коментарите до претставниците на медиумите објавени денес, Зеленски ги повика американските пратеници да одобрат построги санкции против Русија.
Тој исто така рече дека на Украина ќе ѝ треба стабилно финансирање од своите европски сојузници уште две или три години.