Зеленски: Украина и Европа треба да создадат заедничка армија од 3 милиони војници

Тој рече дека првпат јавно зборувал за потребата од заедничка сила минатата година, поради заканите од Русија, која планира да ги зголеми своите вооружени сили на два и пол милиони војници до 2030 година.

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Володимир Зеленски

Украина и Европа треба да создадат заедничка одбранбена сила составена од не повеќе од три милиони војници, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека првпат јавно зборувал за потребата од заедничка сила минатата година, поради заканите од Русија, која планира да ги зголеми своите вооружени сили на два и пол милиони војници до 2030 година.

Зеленски додаде и дека нема застој во разговорите меѓу Киев и Вашингтон.

Порано денес, порталот „Аксиос“ објави дека Зеленски, по масовните руски напади врз Киев преку ноќ, нема да патува на Светскиот економски форум во Давос.

Според извор близок до украинската администрација, Зеленски би можел да оди во Давос само ако има билатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп за потпишување „договор за просперитет“.