45
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е многу важно гласот на Украина да се слушне и да не се заборави.
„За нас е многу важно Украина да се слушне и да не се заборави, ниту за време на војната ниту потоа. Важно е народот на Украина да знае дека не е сам, дека нивните интереси се претставени во секоја земја, во секој агол на светот“, рече Зеленски, објавувајќи видео од средбата со украинската заедница во Вашингтон.
Тој ја направи оваа објава по вербалната пресметка со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс на состанок во Овалната соба во петокот, пренесува Ројтерс.