Зеленски „висел на конец“ по конфронтацијата со Трамп во февруари

од desk2
18 прегледи

Поранешниот командант на украинските вооружени сили, а сега украински амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, добил телефонски повик од американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, но не одговорил на него, тврди британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Повикот следел само неколку дена по остриот судир меѓу претседателите на Украина и САД Володимир Зеленски и Доналд Трамп во Белата куќа на 28 февруари. Тимот на Венс наводно сакал да испита кој би можел да го замени Зеленски на чело на државата.

Залужни одбил да разговара со Венс откако се консултирал со претседателскиот кабинет во Киев. Според извор близок до него, одбивањето било „принципиелен став“ и јасен сигнал за украинско единство.

Инаку, анкетите континуиранопокажуваат дека би бил главен ривал на Зеленски доколку се кандидира за претседател.