Зеленски во Гранада откри што е клучно за Украина пред зимата

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е во Гранада, каде што учествува на самитот на кој учествуваат речиси 50 европски лидери и дека се надева на нови договори за зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина.

„Клучно за нас, особено пред зимата, е зајакнувањето на противвоздушната одбрана и веќе имаме основа за нови договори со нашите партнери“, наведе Зеленски на Телеграм.

Тој додаде дека тие договори сега мора да бидат потврдени и „да стапат на сила“.

Во Гранада се одржува самитот на европската политичка заедница на кој учествуваат претставници од 27 земји членки на Европската унија и други земји како Велика Британија, Турција, Украина, Швајцарија, како и од балканските држави.

Слични содржини