Зеленски: Воениот буџет на Украина за следната година ќе изнесува најмалку 38 милијарди евра

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трошоците за одбрана и безбедност за следната година од буџетот на Украина ќе бидат „барем“ на истото ниво како оваа година, односно околу 38 милијарди евра.

Тој рече дека околу 2,7 милијарди евра ќе одат директно за производство на оружје, вклучувајќи ја и украинската „флота на беспилотни летала“, кои според него покажуваат „силни“ резултати, според Блумберг.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, вчера изјави дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно и повтори дека ЕУ во следните четири години ќе понуди 50 милијарди евра за финансирање инвестиции и реформи.

Слични содржини