Зеленски ѝ се заблагодари на Македонија за приклучувањето кон Декларацијата на Г7

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ѝ се заблагодари на Македонија за приклучувањето кон Декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина.

„Благодарен сум ѝ на С. Македонија што се приклучи кон Декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји“, објави претседателот Зеленски на Твитер.

Слични содржини