Синоќа земјотрес ги стресе Битола и околината со рихтерова магнитуда од 3,3 степени и со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје го регистрираше земјотресот кој потекнува од епицентрално подрачје Битола-Лерин.
Потресот бил почуствуван во 21:59 минути и со епицентар 23 километри јужно од Битола.
#Earthquake 22 km S of #Bitola (North Macedonia) 26 min ago (local time 22:59:15). Colored dots represent local shaking & damage level reported by eyewitnesses. Share your experience via:
📱https://t.co/LBaVNedOuH
🌐https://t.co/Psc8qaXXqy pic.twitter.com/ef1kzkRpls— EMSC (@LastQuake) March 9, 2023
-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 21 часот и 59 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.3 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината, велат од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.